Том Нови ќе го обои Широк Сокак во бело |
|
|
|
Напишано од Unevski on Вторник, 19 Август 2014 21:42
|
И оваа година, традиционално, по четврти пат Широк Сокак и Битола ќе бидат во бело, во новото издание на „Широк Сокак во бело – Бела ноќ во Битола“.
Главен виновник за најдобрата забава во градот на конзулите оваа година ќе биде светскиот суперстар ди-џеј Том Нови, кој ќе ја има поддршката од локалните диџеи: Bocа. Andrej Gjosev и легендарниот DJ Acika кој што на годинашното издание на „Широк Сокак во бело - Бела ноќ во Битола“ ќе и стави крај на својата диџејска кариера.
Четвртото издание на „Широк Сокак во бело - Бела ноќ во Битола“ е закажано за во сабота, 23 август.
|