Историјата ја поврзаа со спортот. Македонски велосопиедисти од Крушево до Пелинце PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Петок, 01 Август 2014 12:12   

 

Агенцијата за млади и спорт и велосипедскиот сојуз на Македонија деновиве по повод 2 Август, двојниот празник на Република Македонија, 111 години од Илинденското востание и 70 години од АСНОМ, организираа велосипедски марш.


Репрезентативци и млади спортисти во велосипедизам, веќе два дена ја возат делницата од Крушево до Пелинце, поминувајќи низ повеќе градови на Македонија.


Синоќа 20-сетина велосипедисти пристигнаа во Кавадарци, а денеска ги прими градоначалникот Александар Панов. Притоа се разговараше за целта на маршот, да се промовира велосипедизмот како спорт за помладите од 15 години, и за идејата да се иницира обновување на трката „Ваташки Меморијал“ која 37 пати беше оддржана по повод 16 јуни, денот на стрелањето на 12-те деца.


На приемот градоначалникот се интереисраше за развојот на велосипедскиот спорт во Македонија и ја поддржа иницијативата за формирањее на велосипедски клуб во градот кој би ги презел обврските за формирање и организација на Ваташкиот меморијал.


Марјан Димитров - Телевизија Тиквешија




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov