Наскоро, нов албум на U2 PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 28 Јули 2014 23:52   

 

Боно Вокс и останатите момци од бендот U2 на голема радост на своите фанови го привршуваат својот најнов албум, кој според досегашните извори би требало да се вика „Sirens“.


Иако датумот на излегување на албумот сеуште не е познат, продуцентската куќа која работи со славната музичка група на нивниот профил на Twitter напиша дека албумот ќе биде готов во септември, па можеби токму тогаш ќе ги дочекаме новите хитови. Сепак оваа објава за брзо време беше избришана и остана прашање дали тоа беше намерна или ненамерна грешка.


Во меѓувреме еден ирски весник тврди дека албумот на U2 ќе се објави во ноември, додека познатиот весник Sun пишува дека момците ќе се вратат за многу брзо.


Албумот „Sirens“ ќе биде првиот албум од 2009 година, односно по албумот „No Line on the Horizon“.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov