Штербик и Лацковиќ го одработеа првиот тренинг со Вардар PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 28 Јули 2014 23:31   

 

Четирите нови засилувања кои заедно со момците кои минатата година го носеа црвено црниот дрес треба да го однесат ракометниот клуб Вардар до најголемите височини на сите четири фронта веќе се во Скопје, и го одработеа првиот тренинг во спортскиот комплекс „Борис Трајковски“.


Голманот Арпад Штербик и бековите Блаженко Лацковиќ и Сергеј Горбок го одработија првиот тренинг во новиот, кој го пропушти само десното крило Данил Шишкарев поради настинка.


Новата вардарова четворка треба да му помогне на македонскиот вицепрвак да стигне до последната фаза во Лигата на шампионите, во СЕХА ЛИГАта, во македонската суперлига и во Купот на Македонија.


„Црвено-црните“ ќе тренираат во Скопје по два пати на ден до четврток, кога ќе заминат за Словенија на висински подготовки во Крањска Гора до 9 август. По враќањето во Македонија првата проверка на сработеното ќе биде на Струшкиот турнир од 13 до 16 август, а втората на „Кањижа куп“ во Србија.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov