„Пиратите од Карибите“ ќе добијат петто продолжение PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Сабота, 26 Јули 2014 11:22   

 

Џек Спароу по петти пат ќе биде предводник на „Пиратите од Карибите“. Петтото продолжение од славниот филмски серијал ќе се појави во кино салите на 7 јули 2017 година, објави весникот Hollywood Reporter.


Новото продолжение кое го носи насловот „Dead Men Tell No Tales”, требаше да се појави во кино салите две години претходно, но тоа беше одложено заради доработка на сценариото.


Филмот ќе го режира Јоаким Ронинг и Еспен Сендберг. Последното продолжение на Пиратите од Карибите од 2011 година, „Непознати плими“, имаше буџет од 250 милиони долари, а заработи 1,04 милијарди долари.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov