Стиви Џи уште три години во Ливерпул PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Сабота, 26 Јули 2014 11:06   

 

Иконата на Ливерпул, Стивен Џерард ќе остане на својот омилен „Енфилд роуд“ до крајот на кариерата. Раководството на англискиот премиерлигаш подготви нов тригодишен договор за 34годишниот фудбалер, за кој британските медиуми тврдат дека е понуда од соништата.


Според новиот договор, Џерард ќе добие зголемување на неделната плата. Досега заработуваше 140.000 фунти неделно, а според новата понуда, ќе заработува 10.000 фунти повеќе, и тоа до својата 37 година од животот, по што доколку стави крај на кариерата, сигурно ќе добие одговорна функција во клубот.


Џерард ја почна кариерата во Ливерпул, за првиот тим дебитираше во 1998 година и оттогаш цели 16 сезони е на „Енфилд роуд“. Досега има одиграно 669 натпревари во дресот на „црвените“ и има постигнато 173 гола.


извор: Екипа.мк




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov