„Ова е Кавадарци“, официјална химна на Тиквешкиот гроздобер

 

50 години од првиот Тиквешки гроздобер, најголемата и најзначајната културно, туристичка и стопанска манифестација доби своја официјална химна.


Прекрасната изведба на кавадарчанката Викторија Апостолова и впечатливиот вокал на актерот Диме Коцевски кој за прв пат запеа ќе ви останат во ушите уште по првото слушање на химната која носи наслов „Ова е Кавадарци“.


Во генералиите на химната стојат уште и потписите на Зоран Станоев - Дејзи кој е автор на текстот и музиката, аранжманот е на Пепи Ангелов, додека при креирањето на музиката свој допринос има и Драган Вељковиќ.


Со цел поголема промоција на јубилејната 50 годишнина од првиот гроздобер, химната од денес и официјално ќе биде пуштена во етер, а додека го очекуваме официјалниот спот за истата, погледнете го видеото со кадри од минатите изданија на манифестацијата.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov