Антиќ останува во Атланта PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 15 Јули 2014 09:42   

 

Првиот Македонец во НБА лигата, Перо Антиќ и следната сезона ќе настапува за Атланта Хокс.


Официјално Хокси објавија дека македонскиот центар загарантирано ќе ја одработи и следната година од договорот кој ќе му донесе 1,25 милиони долари.


Антиќ одлично се снајде во својата дебитантска сезона во најсилната светска кошаркарска лига и беше омилен меѓу навивачите. Тој ја привлече целата македонска дијаспора, која во голем број беше присутна на натпреварите на Атланта низ САД и во Канада.


Триесет и едногодишниот Антиќ минатата сезона настапи на 50 натпревари од кои 26 во стартната петорка и имаше просек од 7 поени, 4,2 скока и 1,2 асистенции по натпревар. Особено одлично ја замени првата ѕвезда на тимот Ал Хорфорд, кој заради повреда предвреме мораше да ја заврши сезоната.


Најдобриот македонски кошаркар имаше договор 1+1 според кој втората сезона беше опција на екипата.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov