Концерти на „Македонско девојче“ во Охрид, Битола и Ресен PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 09 Јули 2014 13:54   

 

По распродадените шест концерти во Македонска опера и балет во Скопје, Каролина Гочева со проектот „Македонско девојче“, започнува турнејата на отворено, наречена „Смеј ми се смеј“. Во рамките на летната турнеја таа ќе одржи концерти во античките театри во Битола и Охрид, а за 2 август, големиот празник Илинден, за прв пат во кариерата ќе настапи во Дојран.


По минатогодишното ветување за уште еден голем концерт во родната Битола, Каролина ќе настапи дури два пати, на 24 и 26 јули, и тоа во античкиот театар Хераклеа. Настапот во Охрид е закажан за 25 јули, а локацијата е Античкиот театар. Во Градскиот парк во Стар Дојран, Каролина ќе настапи на 2 август, со што или ќе ја комплетира, или само ќе ја започне летната турнеја. Која од овие две опции ќе биде точна, останува да чекаме што Авалон ќе смета дека е најдобро.


Понатамошните планови се албумот „Македонско девојче 2“ да доживее своја промоција и во поширокиот регион, која не се случи до сега од објективни причини како што се вонредните ситуации и поплавите кои го погодија Балканот.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov