Червар не оди никаде PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 09 Јули 2014 13:51   

 

Лино Червар не оди во Хамбург, туку ќе остане во Металург, соопшти македонскиот ракометен шампион Металург со што ги демантираше шпекулациите кои деновиве се појавија во дел од медиумите.


Со реакција се јави претседателот на Управниот одбор на Металург, Левче Китевски, кој истакна дека Червар останува во Автокоманда и во наредните три години.


„Се работи за чисти шпекулации, кои се вообичаени во овој дел од годината. Вистината е сосема поинаква, Лино Червар има важечки четиригодишен договор, кој почна да тече од минатата година", вели Китевски и додава:


„Нашите симпатизери можат да бидат спокојни, Лино Червар уште долго ќе биде дел од проектот Металург, проект кој подразбира создавање на подмладен и силен Металург, со особено нагласена работа со млади македонски ракометари кои се иднина на Металург и на македонската репрезентација".




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov