Сонце во првите денови од летото PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Сабота, 21 Јуни 2014 12:52   

 

Иако денес и официјално започна летото, дождот нема да не остави на мира и во следните денови, иако во најголем дел ќе имаме сончево време.


По сончевото попладне, времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.


Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 24 до 31 степен.


И во следните денови ќе преовладува претежно сончево и топло време. Во вторник попладне и во четврток ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Значително топло ќе биде кон средината на следната работна седмица, особено во среда кога температурата се очекува да се движи од 28 до 35 степени.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov