Нема квалификации за ракометарките и ракометарите на Вардар PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Сабота, 21 Јуни 2014 12:27   

 

Ракометарките на Вардар СЦБТ, нема да играат квалификациите во Лигата на шампиони, туку натпреварите ќе ги започнат во фазата по групи. Ова, во петокот го соопшти европската ракометна федерација, објавувајќи ги имињата на 14-те екипи кои сигурно ќе играат во ЛШ.


Покрај Вардарки во ЛШ ќе се натпреваруваат Групна фаза ЛШ: Баја Маре (Романија), Будуќност (Црна Гора), Динамо Волгоград (Русија), Ѓер (Унгарија), Крим Љубљана (Словенија), Ларвик (Норвешка), Локомотива Загреб (Хрватска), Мец (Франција), Хипо (Австрија), Савехоф (Шведска), МКС Сеигрос Лублин (Полска), Турингер (Германија), Виборг (Данска).


Својата шанса за влез во главната фаза низ квалификациите ќе ја бараат Трондхајм (Норвешка), Лајпциг (Германија), Мидтјиланд (Данска), Минск (Белорусија), Подравка (Хрватска), ЖРК Раднички Крагуевац (Србија), ФТЦ Раил Карго (Унгарија) и Далфсен (Холандија).


ЕХФ објави дека од сезоната 2014/2015 ЛШ ќе се игра по нов систем, од 16-те екипи кои ќе играат во фазата по групи, по три ќе изборат пласман во наредната рунда, каде ќе бидат формирани две нови групи во кои ќе партиципираат по шест екипи.


Потоа најдобрите четири од двете групи ќе играат четврт финале, а победниците ќе изборат пласман на завршниот турнир кој ќе се игра на 9. и 10.мај 2015 година.


Квалификации нема да играат ниту ракометарите на ракометниот клуб Вардар кој во петокот, доби вајлд карта од Европската ракометна федерација (ЕХФ).


Покрај Вардар, кој минатата сезона имаше блескави изданија во Лигата на шампиони, каде стигна до четвртфиналето, ЕФХ покани за директен влез во фазата по групи упати и до Пик Сегед (Унгарија), Висла Плок (Полска), Алборг (Данска) и две француски екипи Монпелје и Пари Сен Жермен.


Пласман во фазата по групи низ квалификациите ќе се обидат да изборат Констанца (Романија) екипа која ја предводи Звонко Шундовски, а чиј дрес го носи Бранко Ангеловски, Алпа Хард (Австрија), Таратн Прешов (Словачка), Војводина (Србија), Брест Мешков (Белорусија), Мотор Запорожје (Украина), Бешикташ (Турција), Хаслум (Норвешка), Инитија Хаселт (Белгија), Жуниор Фасано (Италија), Порто (Португалија) и Таргос Бево (Холандија).


Овие екипи ќе се борат за преостанатите три места во фазата по групи.


Жрепката за следната сезона во Лигата на шампиони ќе биде извршена на 27.јуни, кога Металург и Вардар ќе ги дознаат имињата на противниците.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov