Бандерас и Грифит се разведуваат PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 08 Јуни 2014 11:56   

 

Славната холивудска двојка, Антонио Бандерас и Мелани Грифит се разведуваат по 18 години брак. Иако ова не е прв пат да се зборува за нивниот развод, сега гласините се потврдени, пренесува Дејли Маил.


Бандерас и Грифит веќе ги поднеле документите за развод, без никакви проблеми, а одлучиле заедно да ја одгледуваат нивната 17-годишна ќерка Стела, додека Мелани ќе добива алиментација.


Како причина за развод се наведени непомирливи разлики меѓу нив. Тие истакнале дека остануваат во пријателски односи.


Иако нивниот брак траеше долго време, сепак не издржаа. Ова е за Мелани четврт развод по ред, а „само“ втор за Бандерас.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov