Шпанија и Аргентина се фаворитите на Ривалдо |
|
|
|
Напишано од Unevski on Недела, 08 Јуни 2014 11:48
|
Легендарниот бразилски фудбалер Ривалдо на изненадување на домашната јавност за главни фаворити за освојување на претстојниот Мундијал ги смета Шпанија и Аргентина, а не неговата репрезентација која е домаќин на шампионатот.
„На светското првенство ќе се појават репрезентации од осум земји кои до сега биле светски шампиони во минатото и сите тие го заслужуваат мојот респект. Сепак јас како главни фаворити за освојување на трофејот би ги издвоил Шпанија и Аргентина, додека потенцијал за изненадување има и Португалија“ - истакна поранешниот бразилски репрезентативец.
Светското првенство почнува на 12 јуни во Сао Паоло со натпреварот Бразил – Хрватска.
|