Во сабота, Грција - Македонија |
|
|
|
Напишано од Unevski on Вторник, 03 Јуни 2014 09:34
|
И покрај успешната сезона исполнета со многу големи дуели, македонските ракометари деновиве живеат за последниот предизвик, бараж натпреварот за пласман на Светското првенство во ракомет против селекцијата на Грција.
Избраниците на селекторот Ивица Обрван веќе се подготвуваат во Охрид, а единствено недостасува Кире Лазаров кој на тимот ќе му се приклучи во четврток, а поради проблеми со повреда и терапии во Атина нема да настапи голманот Петар Ангелов, па во негово отсуство е повикан Стефан Кимевски.
Според селекторот Обрван, рехабилитацијата на Наумче Мојсовски е во добра насока и нема потреба да се ризикува со негово приклучување и настап на натпреварот во Атина.
Прв настап за Македонија против јужниот сосед ќе забележи натурализираниот Ренато Вугринец, кој заедно со ѕвездата на Барселона Кирил Лазаров се очекува да бидат ноќна мора за Грците. Токму Лазаров и Вугринец се во Топ 3 најдобри стрелци во овогодинешното издание на ракометната лига на шампиони.
Првиот од двата дуели се игра во сабота од 18 часот, а директен пренос од натпреварот ќе можете да следите на Алфа телевизија.
|