ВИДЕО: Стопи ме - Наталија Славева

 

Во недостаток на сонце, пред крајот на студената и дождлива пролет време е за вистинско затоплување кое доаѓа од стиховите и големиот хит сингл на Наталија Славева „Стопи ме“ кој конечно доби и свој видео запис.


А чекањето на истиот вредеше затоа што текстот на Даниел Ванков екипата на Sky Eye Entertainment предводена од Илија Тодоровски го претворила во прекрасна љубовна приказна во која главниот лик го толкува токму Наталија Славева.


Видеото за само неколку часови од објавувањето на јутуб каналот на Sky Eye Entertainment стана вистински хит, а на социјалните мрежи може да се прочитаат многу позитивни коментари за истото.


Спотот за „Стопи ме“ е најава за конечно враќање на Славева на македонската музичка сцена, секако во заедничка соработка со Зоран Алексиќ, Ристе Шандаров и Даниел Ванков.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov