35 милиони долари за новиот светски фудбалски владетел PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Петок, 23 Мај 2014 13:38   

 

Генералниот секретар на ФИФА, Жером Волке објави дека мундијалот во Бразил ќе биде најскап во историјата на фудбалот.

 

Според него дури 14 милијарди долари се доделени на домаќинот Бразил за реновирање на 12-те стадиони, но и за инфраструктура.


Новиот светски првак ќе заработи рекордни 35 милиони долари, додека ФИФА очекува на крајот од истиот да инкасира приход од 4 милијарди долари.


Светската куќа на фудбалот се пофали дека на три недели пред почетокот на првенството има голем успех со продажбата на влезниците.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov