Блерина Сефери петта на Европскиот куп во џудо |
|
|
|
Напишано од Unevski on Понеделник, 21 Април 2014 22:14
|
За прв пат во историјата на џудо спортот во Република Македонија еден спортист се пласираше на високото 5-то место на Европски куп. Имено во категоријата до 48 килограми во женска конкуренција, Блерина Сефери членка на Џудо клубот „Ипон“ на Европскиот куп за кадети/ки, кој се одржа во Коимбра - Португалија стигна до високата петта позиција што е најголемиот успех за македонското џудо досега.
Во првото коло Сефери ја победи Мартинез, репрезентативка на Шпанија, во второто коло нашата репрезентативка ја победи репрезентативката на Велика Британија, во третото коло ја победи Зампони од Италија со што се пласираше во полуфиналето. Во полуфиналето се сретна со репрезентативката на Азербејџан, Алиева Леила од која загуби. Во борбата за третото место Сефери се сретна со Рода Касадо Наталија од Шпанија, од која исто така загуби, за да на крајот заврши на високото 5-то место со што освојува бодови и ќе биде рангирана на светската ранг листа во кадетска конкуренција.
Нашата репрезентативка Блерина Сефери се претстави во одлично светло. Ова е прва година за неа во кадетска конкуренција, во која и претстојат уште три години, а ако по утрото и денот се познава, нејзе и претстои светла иднина со многу медали.
|