Напишано од Unevski on Сабота, 05 Април 2014 08:54
|
Откако беше сликан со свршувачкиот прстен на раката, холивудската ѕвезда Џони Деп во искрен разговор со водителката на ТВ шоуто „Today“ Савана Гутрие, ја потврди свршувачката со актерката Амбер Херд.
„Благодарам“ кажа Деп откако Гутрие му ја честиташе свршувачката. „Таа е прекрасна девојка од југот, мила и добра за мене“ рече во продолжение Деп.
Новите вереници наскоро ќе имаат уште една причина за славје, затоа што Амбер Херд е бремена. Глумицата неодамна откри дека ќе стане мајка, а таа и Џони се пресреќни поради тоа.
|