Со богата културна програма на градскиот плоштад беше одбележан Свети Трифун PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 17 Февруари 2014 13:30   

 

Над 1000 граѓани денеска присуствуваа на градскиот плоштад каде со низа културни настани беше одбележан христијански празник „Свети Трифун“.


Официјалниот почеток на чествувањето на празникот започна со перформанс на членовите на фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ кои уште еднаш потврдија зошто се културниот амбасадор број еден на градот.


Веднаш по нив следуваше и кратка драматизација во која на хумористично-сатиричен начин актерите и аматерите од Домот на културата „Иван Мазов - Климе“, Александар Малинков, Коле Колев, Диме Коцевски и Видан Станоев ни ја доловија традицијата на закројувањето на виновата лоза. Во закројувањето на виновите лози се вклучија и градоначалникот на општина Кавадарци, господинот Александар Панов, претседателот на општинскиот Совет, госпоѓа Горица Пеливанова - Вилхем и пратеникот во Собранието на Република Македонија, госпоѓа Весна Пемова, за потоа настанот да продолжи со настапот на Тајфата на Димо Дулот.


Покрај забавата, граѓаните на општината како и неколкуте делегации предводени од градоначалникот Александар Панов имаа можност да пробаат вина од неколку винарии, но и да вкусат дел од специјалитетите на организацијата „Вешта жена“ од Кавадарци.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov