Шумахер е жив PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Петок, 07 Февруари 2014 21:10   

 

Болницата во која се лекува Михаел Шумахер ја демантираше веста што се појави на социјалните мрежи дека поранешниот возач на Формула 1 починал.


Неврохирургот Мунтер Сабарини вели дека не се плаши за здравствената состојба на Шумахер, бидејќи е убеден дека Михаел ќе биде оној стариот. „Неговите мозочни ќелии ќе работат како болид во Формула 1. Ако некој возач покаже слабост, другиот ќе ја надвладее таа ситуација. Така работи и мозокот. Младите и здрави луѓе како Шумахер имаат поголеми шанси за опоравување од таква траума“, изјави Сабарини.


Тој вели дека засега најголем ризик е можноста од воспаление на белите дробови.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov