Видео: Петре Ангелов во „Балкан Фанк“

  

По бројните успешни соработки со познати македонски музички имиња остварени во текот на 2013 година, еден од најдобрите басисти и контрабасисти во Кавадарци и Македонија воопшто, нашиот Петре Ангелов, уште на самиот старт на новата 2014 година не почести со ново аудио и видео парче, кое носи наслов „Балкан фанк“.


Песната е дело на радовишанецот Александар Таушанов, а покрај него, уникатен белег на песната и даваат сајзерот на Илија Џамси Манев, тапаните на Методија Трпков и бас гитарата на Пере Фиш Ангелов.


Покрај зад музиката, потписот на Таушанов стои и зад аранжманот на ова интересно интрументално музичко остварување, додека мастерингот и дело на Дејан Георгиевски – Ѕене.


За потребите на „Балкан фанк“ е изработено и видео, на кое работеше младиот мошне активен фотограф Олег Бојаџиев и неговата Bojadziev Photography. Видеото се снимаше на неколку локации во Радовиш, меѓу кои и Центарот за култура, неколку стари градби и под отворено небо.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov