ВИДЕО: Сеќавање на Диме Мустеников - Перодршков - втор дел

 

Во својата историја, Кавадарци имал безброј градски легенди кои заслужуваат посебно внимание.


Еден од луѓето кои имаат оставено посебен белег во градската историја секако е и Диме Мустеников - Перодршков.


За оние кои не знаат, Мустеников е човекот кој го пушти првото кино во Кавадарци, го намести првиот разглас во градот, го донесе првиот телевизор, а благодарение на него кавадарчани го гледаа светското првенство во фудбал 1962 година на телевизија пред скопјани, кои само го слушаа.


За сите овие пионерски потези на Мустеников, но и за уште многу други, можете да видете и слушнете во второто продолжение од емисијата која телевизија Тиквешија му ја посвети токму нему, а доколку сте ја испуштиле првата емисија истата можете да ја погледнете на следниот линк.

 

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov