За помалку од 90 минути, советниците го усвоија буџетот за 2014та година PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Сабота, 28 Декември 2013 16:00   

 

Никогаш досега, барем во изминатите 30-години, колку го служи памтењето авторот на овие редови, не бил донесен буџет на Општина Кавадарци за само еден и пол час. Тоа се случи со овој, кој на 11 седница го изгласаа советниците на Општина Кавадарци.


Идната 2014 година на Општината и се проектирани 10 милиони и 794.000 евра. Буџетот беше изгласан со 12 гласа за и 6 против. Опозицијата критикуваше што буџетот не бил развоен, побара доизградба на колекторскиот систем и не веруват дека ветеното ќе биде остварено.
Градоначалникот за идниот буџет рече дека е амбициозен и дека планирањата ќе бидат реализирани, бидејќи се реални.


Во своето експозе Панов го образложи Буџетот, најважниот документ на Општината при што рече дека тој ќе се искористи за комунална изградба и подобрување на животот на граѓаните. Од позначајните тој ја најави изградбата на капиталните објекти: катна гаража, аква парк, деловно трговски центар, нова противпожарна зграда, влегување на „Лукоил“, неколку важни градски улици, локални патишта и други објекти.


Марјан Димитров - Телевизија Тиквешија




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov