Напролет ќе слушнеме нови, необјавени песни од Тоше PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 26 Декември 2013 01:08   

 

По повеќе од шест години од трагичната смрт на легендарниот Тоше Проески, публиката ќе има можност да слушне нови, досега необјавени песни.


Неговиот зет Славен Ристески и продуцентот Енди Рајт собрале шест песни од разни европски студија во кои снимал Тоше, а ќе ги објават во рамките на вториот постхумен албум чие излегување се очекува на пролет.


„Завршивме со продукцијата на три песни, а се што ќе биде заработено од неговиот постхумен албум ќе биде вложено во другите”, изјави Ристески.


Тој додаде дека луѓето кои имале шанса да ги слушнат недовршените песни биле воодушевени и верува дека публиката ќе ги прифати убаво.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov