Бијонсе има нов албум PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 16 Декември 2013 14:17   

 

Бијонсе повторно го сврте целото внимание на музичката сцена врз себе, откако ги изненади фановите со своја верзија на новогодишен подарок. Денес, без никаква претходна најава, таа објави цел албум од 14 песни и 17 кратки Јутјуб-видеа, кои најавуваат како ќе изгледаат спотовите.


Овој спонтан пристап кон начинот на објавување бил стратегиски испланиран, со цел да се спречи излегувањето на албумот во јавност, пред да биде официјално пуштен. Затоа, уште сега музичкото студио „Parkwood Entertainment/Columbia“, решило ексклузивно да го постави албумот за продажба на iTunes. Не е ни за изненадување дека кралицата на поп, аренби и соул музиката реши да направи нешто што никој не го направил досега – да објави цел албум и сите видео записи, одеднаш.


Дел од соработниците на Бијонсе во албумот се Џеј Зи, Тимбеленд, Џастин Тимберлејк, Фарел Вилијамс, Дрејк, Сиа и многу други. Во спотот за песната „Blue“ се појавува и ќерката на Бијонсе, Блу Ајви, додека во спотот за „Grown Wоman“ е вклучена и мајката на Бијонсе, Тина.


Во однос на ваквата идеја Бијонсе вели: „Не сакав да ја објавам мојата музика онака како што сум го правела тоа досега. Ми досади од тој начин. Чувствувам дека вака можам директно да им се обратам на моите фанови. Постојат толку многу работи кои се испречуваат помеѓу музиката, изведувачот и фановите. Почувствував дека не сакам никој да ја пренесе пораката за тоа кога мојот албум ќе излезе. Сакав само да излезе тогаш кога ќе биде подготвен и да биде пренесен директно, од мене кон моите фанови“.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov