Мик Џегер ќе стане прадедо PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 25 Ноември 2013 02:28   

 

Фронтменот на Ролинг Стоунс, британецот Мик Џегер, на 70-годишна возраст, ќе стане прадедо, пренесоа француските медиуми, цитирајќи ја ќерката на Џегер.


Внуката на пејачот Асизи, која има 21 година, на почетокот на следната година ќе го роди своето прво дете, соопшти мајка и Џејд, која е ќерка на Џегер.


„Да, на 42 години ќе станам баба“, изјави Џејд. Асизи живее со Алекс, кој работи како готвач.


Минатата година „Ролинг стоунс“ со неколку големи спектакли во Велика Британија и Северна Америка ја одбележаа 50-годишнината од своето постоење. Мик Џегер има седум деца од четири различни жени, но Асизи ќе му го подари неговиот прв правнук.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov