Боб Дилан го прими орденот „Легија на честа“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 14 Ноември 2013 12:12   

 

Боб Дилан вчера го прими највисокото француско признание, што речиси беше блокирано поради неговото пушење марихуана и бурното минато. Седумдесет и двегодишниот американски музички ветеран го прими орденот „Легија на честа“ (Legion d'Honneur) на церемонијата во Париз.


Дилан за орденот го номинираше неговата обожавателка Орели Филипети, француска министерка за култура.


Номинацијата привремено е блокирана порано оваа година откако воениот генерал Жан-Луи Жоржелин, голем канцелар на легијата, изрази резервираност поради конзумирање на канабис и антивоената политика на Дилан.


Легијата на честа кој ја воведе Наполен, е признание на поединци кои и служат на Франција на разни начини.


Странците официјално не стануваат членови на редот, но се одликуваат со знакот на Легијата во знак на признание на нивната служба во Франција или работата за која се смета дека ги слави идеалите на таа земја.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov