Еминем прва ѕвезда на 20тите Европски музички награди PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 11 Ноември 2013 23:42   

 

Во неделата, во Зиго Дом арената во Амстердам се одржа јубилејното 20-то доделувања на Европските Музички Награди на MTV, а спектаклот беше директно пренесуван на сите канали на MTV, како и официјалната веб страница mtvema.com, каде што можете повторно да го прегледате целиот настан.


Редфу од дуото LMFAO беше MC на вечерта, која беше отворена со настапите на Мајли Сајрес и Робин Тик. Поранешната Дизни ѕвезда го изведе хитот „We Can’t Stop“, а во текот на вечерта настапи и со актуелниот хит сингл „Wrecking Ball“, чиј видео запис беше награден во категоријата „Видео запис на годината“.


Победничката во категоријата „Најдобар женски изведувач“, Кејти Пери се претстави со баладата „Unconditionally“, која е актуелен сингл од нејзиниот нов албум „Prism“, а сопственикот на овогодишната „Најдобра песна“ - темата „Locked Out of Heaven“, Бруно Марс настапи со актуелниот сингл „Gorilla“. Д Килерс ги отпеаја песните „Shot at the Night“ и „Mr. Brightside“, а настапот на Кингс оф Лион со темата „Beautiful War“ беше проследен со спектакуларна пиротехника. Имеџин Дрегонс настапија со нивниот хит „Radioactive“, а паралелно со настанот се одвиваше и мега забава во клубот Melkweg, кадешто публиката се забавуваше со Афроџек, Снуп Дог/Лајон (Снупзила?!) и 7 Дејс оф Фанк, a последниот настап за вечерта го имаше шведското дуо Ајкона Поп со изведбата на нивниот хит „I Love It“.

Оваа година наградата „Глобална икона“ му беше доделена на легендарниот рапер Еминем, кој пред само неколку дена го објави својот долгоочекуван осми студиски албум „The Marshall Mather LP 2“, а изминатата недела постави нов рекорд на билбордовата Хот 100 листа и не само што за прв пат ја освои највисоката позиција на Hot R&B/Hip-Hop листата, туку стана и првиот изведувач од 1964 година и легендарните Битлси, кој успеа во истиот момент да има барем 4 сингла меѓу најдобрите 20 на Hot 100 листата како главен изведувач. Покрај оваа, Еминем ја доби и наградата за „Најдобар хип-хоп изведувач“, а и без овие две, тој е единствениот артист со најголем број ЕМА статуетки, кои во моментов ги има 14. Неговиот спектакуларен настап изведувајќи ги темите „Berzerk“ и „Rap God“ можете да го погледнете горе.


Иако со најголем број на номинации, Џастин Тимберлејк не освои ниту една награда од 5-те категории, а Меклмор и Рајан Луис кои исто така беа номинирани во 5 категории, победија само во категоријата „Најдобар нов изведувач“. Во продолжение погледнете го комплетниот список на победници од овогодинешното доделување на MTV EMA, кое следната година ќе се одржува во шкотскиот град Глазгов.


НАЈДОБРА ПЕСНА: Бруно Марс – ”Locked Out Of Heaven”
НАЈДОБАР ВИДЕО ЗАПИС: Мајли Сајрус – ”Wrecking Ball”
НАЈДОБАР НОВ ИЗВЕДУВАЧ: Меклмор и Рајан Луис
НАЈДОБАР ЖЕНСКИ ИЗВЕДУВАЧ: Кејти Пери
НАЈДОБАР МАШКИ ИЗВЕДУВАЧ: Џастин Бибер
НАЈДОБАР ПОП ИЗВЕДУВАЧ: Уан Дајрекшн
НАЈДОБАР ИЗВЕДУВАЧ ВО ЖИВО: Бијонсе
НАЈДОБАР ХИП-ХОП ИЗВЕДУВАЧ: Еминем
НАЈДОБАР РОК ИЗВЕДУВАЧ: Грин Деј
НАЈДОБАР ИЗВЕДУВАЧ НА ЕЛЕКТРОНСКА МУЗИКА: Авичи
НАЈДОБАР АЛТЕРНАТИВЕН ИЗВЕДУВАЧ: 30 Секндс ту Марс
НАЈДОБАР ИЗГЛЕД: Хари Стајлс (Уан Дајрекшн)
НАЈСТРАСТНИ ФАНОВИ: Токио Хотел
НАЈДОБАР „WORLD STAGE“ НАСТАП: Линкин Парк – Мексико 2012
НАЈДОБАР „PUSH“ ИЗВЕДУВАЧ: Остин Махон – април 2013
НАЈДОБАР „WORLDWIDE“ ИЗВЕДУВАЧ: 李宇春Крис Ли
ГЛОБАЛНА ИКОНА: Еминем

 

Извор: Радиомк




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov