Првите јутјуб награди за Еминем, Тејлор Свифт и „Грлс џенерејшн“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 04 Ноември 2013 21:16   

 

Најпопуларниот видео пребарувач ЈуТјуб, на компанијата „Гугл“, синоќа на церемонија во Њујорк ги врачи своите први награди за видео записи и интерпретатори, кои во последната година имале најголем број на прегледи.


Наградата во категоријата „Интерпретатор на годината“ ја освои раперот Еминем, а за „Спот на годината“ е прогласен видео записот на јужнокорејската група „Грлс џенерејшн“. За феномен на ЈуТјуб е избрана песната „I Knew You Were Trouble“ на популарната американска кантри пејачка Тејлор Свифт.


Наградата за „пробив на годината“ ја доби американскиот хип-хоп дует Маклмор и Рајан Луис.


Водители на манифестацијата беа актерот Џејсон Шварцман и музичарот Реџи Вотс.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov