Фергусон со јавна поддршка за Мојс PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 02 Октомври 2013 21:40   

 

И покрај слабите резултати на Јунајтед, легендарниот Сир Алекс Фергусон му даде поддршка на неговиот наследник на клупата на Црвените Ѓаволи, Дејвид Мојс.


„Јунајтед е во добри раце со Мојс. Тој ќе биде во ред, Мојс е многу добар менаџер“, изјави Фергусон во своето прво интервју за американската тв-мрежа PBS откако го напушти Манчестер Јунајтед.


Фергусон беше запрашан дали постои можност да се врати на тренерската позиција во Манчестер Јунајтед и да го „спаси“ својот клуб од лошите резултати: „Не сум заинтересиран за враќање на тренерското место во Јунајтед. Ќе ги фрлите парите ако се обложувате на тоа дека ќе се вратам. Јас ја донесов одлуката и тоа е тоа. Нема враќање за мене и сега имам нов живот“.


Ферги проговори и за обидот на сопственикот на Челси, Роман Абрамович да го донесе на Стемфорд Бриџ: „Ме контактираа преку агентот кога Абрамович го превзеде клубот. Јас им реков: Нема шанси“, заврши Фергусон.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov