Видео: Отворена спомен собата на Васил Хаџиманов

 

Во чест на дејноста на македонскиот етномузиколог и мелограф, Васил Хаџиманов, на полето на афирмацијата на мекедонскиот етнос и култура, во новиот музеј во родниот град Кавадарци беше отворена спомен соба во која се наоѓаат негови лични предмети. Хаџиманов е роден 1906 година и по професија бил фармацевт. За македонската културна историја е од неоспорна важност затоа што во својот живот како етномузиколог, успеал да собере околу 8.000 македонски народни песни кои до ден денешен се сочувани од заборав.


Во музејската собра, освен пијаното на кое творел, се наоѓаат неколку тамбури, прим, лаута или ут, зурли, дајре, гусла, шупелки, теренски магнетофон „филипс“ и машина за пишување на која ги запишувал песните.


Васил Хаџиманов е еден од најголемите македонски етномузиколози,мелографи, фолклористи. Во 1937 година започнал да ги снима првите грамофонски плочи. За радијата во Белград, Љубљана и Загреб во 1939 година ги направил првите записи на македонски народни песни. Учествувал на голем број меѓународни конгреси и симпозиуми ширум светот на кои го афирмирал македонскиот фолклор. Потекнува од угледно кавадаречко граѓанско семејство. Свирел на скоро сите жичани и дувачки музички инструменти, а се прославил како истражувач на македонскиот фоклор.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov