Алеш Пипан го објави списокот на 12 кошаркари кои ќе патуваат за Словенија |
|
|
|
Напишано од Unevski on Понеделник, 02 Септември 2013 13:13
|
Александар Костоски, Владо Илиевски, Дарко Соколов, Лестер Бо Мекејлеб, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Владимир Брчков, Тодор Гечевски, Перо Антиќ, Стојан Ѓуроски, Ѓорѓи Чековски и Предраг Самарџиски ќе ги бранат боите на македонската репрезентација на престојниот кошаркарски евро самит кој од среда започнува во Словенија.
Ова е одлуката на селекторот Алеш Пипан кој чекаше до последен ден да даде одговор на прашањето кои 12 кошаркари ќе ја претставуваат Македонија на претстојниот Евробаскет во Словенија. Знаевме кои ќе играат, нејасно беше кои двајца ќе бидат изоставени. Изборот на Словенецот падна врз некогашниот младински репрезентативен тандем Марко Симоновски и Бојан Крстевски.
Симоновски поради недоволниот број тренинзи и официјални натпревари за време на подготовките, а Крстевски поради конкуренцијата на позицијата на високи крила што беше засилена со враќањето на Тодор Гечевски во националниот тим. Репрезентацијата попладнево заминува за Словенија, а таму ќе одржи неколку тренинзи пред првиот натпревар, против Црна Гора в среда.
|