Челзи ги обедини титулите од Лигата на шампионите и Лига Европа |
|
|
|
Напишано од Unevski on Четврток, 16 Мај 2013 00:57
|
Бранислав Ивановиќ е новиот херој на фановите на Челзи, одкако србинот со гол во судиското продолжение, му донесе триумф на својот тим над победи Бенфика со 2:1 во финалето на Лига Европа и кон трофејот од Лигата на шампионите освоен минатата сезона, го придодаде насловот од вториот по ранг фудбалски куп на Стариот континент.
Иако португалците беа поконкретни, Челзи прв стигна до предност во 60 минута преку Торес, додека Бенфика изедначи седум минути подоцна од пенал кој го изведе Кардозо.
Бенфика и во своето седмо последовно финале не успеа да освои титула, а овој пораз е идентичен на оној од пред четири дена, кога во домашното првенство загубија од Порто со 2:1 и речиси сигурно ја загубија титулата.
Челзи од вечерва е во друштво на Атлетико Мадрид и на Порто кои победија во Лига Европа, откако европската куќа на фудбалот воведе нов формат како замена за купот на Уефа.
|