„Waiting for Original You“ нов сингл на Smoke Shakers PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 31 Март 2014 23:02   

  

Кавадарци веќе и да заборави кога е издадени последниот албум на кавадаречка рок група. Но, се чини дека постот ќе биде прекинат, затоа што најдобриот кавадаречки рок бенд во последните неколку години, Smoke Shakers е на чекор до издавање на својот деби албум, кој се очекува да го промовираат наскоро.


За да не биде досадно чекањето на албумот, членовите на бендот денеска го промовираа својот нов сингл „Waiting for Original You“ кој заедно со „Sunny world“, „Faith“, „Stand Together“ и уште неколку нови песни ќе се најде на првенчото.


А „Waiting for Original You“ е само продолжение од веселата инди рок приказна која „шејкерси“ веќе шестта година ја раскажуваат со својата музика. Како и сите претходни, така и овој сингл е работен бендовски, додека на продукцијата работеше Столе Аврамов.


Покрај работата на албумот, редовните викенд настапи, Smoke Shakers и годинава ќе бидат активни на неколку фестивали. Минатогодишното трето место на Јелен Демофест ќе им овозможи годинава да свират на првата фестивалска вечер, а во најава е и настап во Србија, за кој наскоро ќе ве информираме, а до тогаш, уживајте во „Waiting for Original You“.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov